Сакате да се ослободите од лошите вибрации во домот? Променете ги овие работи


Доколку чувствувате дека одредени работи во вашиот дом ви ја крадат енергијата и ви поттикнуваат негативни вибрации, тогаш време е да направите некакви промени. За похармонично катче на живеење, потрудете се да направите подобро уредување. Неколку предмети промените ги во најбрзо време:masina perenje alista

1. Чевли пред врата

Покрај тоа што изгледаат неуредно, оваа навика ја „краде“ енергијата, особено уште ако обувките не се чисти. Поради ова, најдобро е да им дадете соодветен простор каде ќе бидат правилно подредени и незабележливи.

2. Поткршени чаши, чинии, садови

Приборот за исхрана треба секогаш да изгледа беспрекорно чист и негуван. Во спротивно, можете дури и да се повредите.

 

3. Валкана гардероба низ собите

Фенг шуи експертите предупредуваат дека треба да обрнете внимание на тоа каде ја оставате валканата и искористена гардероба, за да ја задржите добрата енергија.

4. Стари весници

Доколку собирате стари магазини или весници, никако немојте да ги чувате во собите во кои престојувате. Ставете ги во визбата, на таванот или во подрумот.

5. Место за спиење или седење

Верувале или не, но многу експерти велат дека местоположбата на креветот или фотелјата влијае на протокот на енергијата. Според нив, местото под гредите не е погодно за овие парчиња мебел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1