Американската компанија “Elisium Space”, испраќа кремирани остатоци во орбитата на Земјата.Резервациите веќе започнаа за првиот “меморијален вселенски лет”, кој ќе се одржи следната година во Кејп Канаверел.
Вселенскиот брод со кремираните остатоци во капсули, после лансирањето ќе помине неколку месеци во орбитата на Земјата, за потоа да изгори во Земјината атмосфера.
Најблиските роднини ќе можат преку апликација во секој момент да ја дознаат точната локација на капсулата, а поранешниот инжениер на НАСА, Томас Кивет, основачот на “Elisium Space”, ја објасни својата идеја: “Овој проект ќе ги интересира луѓето кои мислат дека вселената е посебно и преубаво место”.
Меѓутоа, компанијата на Кивет не е единствената која се занимава со “меморијални вселенски летови”. Имено, компанијата “Kalestis” нуди слични услуги за малку повеќе пари – околу 5.000 долари, а во својата понуда имаат и поевтин лет (1.000) долари, кој подразбира достигнување на нулта-гравитација и враќање на Земјата.