Сакате селфи во Мексико? Ќе мора да си платите!


Едно од најпознатите археолошки наоѓалишта во Мексико, кое привлекува два милиони туристи секоја година, планира да воведе посебна такса за правење селфи на нивното тло.selfi-vo-meksiko

Археолошкиот локалитет, Maya Тulum, којшто е воедно и национален парк во иднина ќе наплатува дури 2.42 долари за правење селфи. Туристичкиот водич од паркот појаснува дека толку ќе се плаќа и за внесување таблети, Го Про камери, аматерски камери и мобилни телефони.

Паркот веќе долго време е една од најголемите туристички атракции во Мексико. Својот зенит го достигнал помеѓу 13 и 15 век, кога успеал да се одбрани од нападите на шпанските освојувачи повеќе од 70 години.

Меѓутоа болестите кои им ги донеле доселениците од Европа, брзо го опустошиле и уништиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1