На 4ти Мај 1999 година, командантот на 204. борбениот авијациски пук на Србија, Миленко Павлович, го извлекол својот помлад колега од авинот и полетал во мисија против НАТО авионите кои во тој момент го бомбардирале Ваљево. Летал во сигурна смрт.
Тогаш Србија поседувала само 14 авиони МИГ-29 кои можеле да се спротистават на авијацијата на НАТО која поседувала над 600 далеку понапредни летела. Во полуисправна состојба, авионите на Србија биле лесна мета. Полковникот Павлович знаел дека секој лет носе голем ризик.
Кога на 4-ти Мај 1999 година пристигнала наредба заполетување на еден српски авион за пресретнување на НАТО ловците кои го надлетувале Ваљево, Павлович бил дежурен во преместениот команден центар. Кога дознал за наредбата му јавил на својот заменик по секоја цена да го задржи младиот колега да не полета на оваа мисија.
Откако се приближил до авионот на младиот пилот му рекол “Majku vam dečju, nećete vi da ginete, ja ću!”.
Веднаш по полетувањето на авионот, Миленко Павлович, поради дефект останал без својот радар па не можел да ги следи противничките авиони. Летал на слепо но не се откажал и ја продолжил мисијата. Дури и да бил неговиот авион во исправна состојба, леталата на НАТО биле опремени со двапати поголем домет на нивниот радар за разлика од српскиот авион.
Жителите на Ваљево сведочат дека авионите не можеле да се видат на небото, но се слушал звукот од нивните мотори. Не можеле ни да претпостават каква драма се одвивала на небото во тој момент, каде Павлович бил сам во неисправно летало во пресметка со 16 борени авиони на НАТО се додека не ја слушнале експлозијата и не забележале како српскиот авион паѓа.
– Vidim ih, ali vide i oni mene! Imaju me! – се последните зборови кои ги рекол Павлович низ радио врската.
Летот на Павлович траел околу 12 минути. Веднаш по полетувањето му откажал генераторот за најизменична струја по што останал без својот радар. Но и покрај тоа, сам против 16 напредни и исправни авиони на НАТО, српскиот херој успеал да го збуни непријателот и да го отежни нападот на Ваљево.
На крај бил погоден со ракета а Павлович не се катапултирал. Тие кои го познаваат велат дека тој никогаш не би го напуштил своето летало.
Ракетите на НАТО имале три пати поголем домет од неговите. Бил погоден од холандски пилоти на Ф-16 авиони кои не ни влегле во Југословенскиот воздушен простор, туку од областа Тузла пукале со 3 ракети кои Павлович, не ги ни забележал и го собориле.
Павлович за своите дела никогаш не бил прогласен за херој, а постхумно е одликуван со Орден за храбост и Златна летачка значка.
Секоја година на 4ти Мај во знак на сеќавање на Миленко Павлович, неговите колеги и роднини положуваат свежо цвеќе на споменикот во Вањево каде паднал неговиот авион.
Зад себе оставил сопруга и два сина.