Само 40 секунди откако го заврши делот за Македонија, на Самарас му се слоши.
Спроти нас, Неодемократи, постојат некои врски….Ќе ме извините, но морам да седнам 2 минути, рече Самарас и седна.
Уште додека ги упатуваше пораките до нашата земја се забележуваше дека грчкиот премиер не се чувствува добро, во измината седмица го мачел стомачен вирус. Од неговиот кабинет соопштуваат дека вирусниот гастроентеритис, во комбинација со набиената програма резултирале Самарас да не се чувствува добро и да го прекине говорот. По 10ина минути, се врати пред сопартијците и со зборовите „Во борбите секогаш остануваме исправени, никогаш не паѓаме“, го продолжи говорот.
Фото – Канал 5