Рок ѕвездата Криси Хајнд тврди дека силувањето, кое го преживеала како девојка на 21 година било „нејзина вина“ и оцени дека жените „мора да ја преземат одговорноста доколку провокативно се облекуваат“.
Нејзините коментари предизвикаа во британската јавност нова дебата за „улогата” на жената во сексуалниот напад, а Хајнд тврди дека не може да обвини никој друг поради тоа што била силувана од моторџиска банда.
Во интервју за „Сандеј тајмс”, кое го даде по повод излегувањето на автобиографијата „Несовеснот” „Reckless”, пејачката на бендот „Претендерс” изјави дека жените требаа да го очекуваат несаканото внимание, доколку се однесуваат на одреден начин или носат одреден вид облека.
Ако шетам и пристојно сум облечена и си ја гледам својата работа, а некој ме нападне, тогаш можам да кажам дека тоа е негова вина. Но, ако сум нападна и провокативна, тогаш предизвикувам некој кој веќе нема инхибиции. Немој тоа да го правиш. Тоа е здрав разум -вели Хајнд.
Доколку не сакаш да го предизвикаш непријателот немој да носиш високи потпетици, бидејќи во нив не можеш да му побегнеш. Доколку носиш нешто што вреска „дојди и имај секс со мене”, тогаш биди сигурна на своите нозе. Мислам дека сега не зборувам ништо контроверзно”, додала таа.
Хајнд алудираше на поглавјето од својата автобиографија, каде пишува како мотоциклистичка банда од Охајо ја силувала кога имала 21 година и кога користела дрога. Хајнд го прифатила повикот за забава, но наместо тоа е одвезена во напуштена куќа, каде ја принудиле на секс. Таа вели дека тоа што била во „ранлива” состојба не е изговор.
Музичарката, која живее во Лондон, на критиките на феминистките одговори дека многу жени, кои себе се нарекуваат феминистки всушност тоа не се. Таа како пример ги издвоила современите поп ѕвезди, кои како што рече се облечени како порно ѕвезди.
Тие моторџиски банди, тоа тие го прават. Ако шетам во долна облека и сум пијана, чијта е тоа вина? – прашала Хајнд.
Стручњаците, пишува „Индепендент”, таквиот нејзин став го нарекуваат „едноставно психолошко однесување” кое им помага на жртвите да мислат дека можат да ги спречат евентуалните идни напади.
Музичарката, која живее во Лондон, на критиките на феминистките одговори дека многу жени, кои себеси се нарекуваат феминистки, всушност, тоа не се. Таа како Таа како пример ги издвоила современите поп ѕвезди, кои како што рече се облечени како порно ѕвезди.
Во интервјуто за „Сандеј тајмс” навела и дека на мажите им е потребен некој кој ќе се грижи за нив.
Тие се понежниот пол – го гледате тоа секаде во светот. Жените се тие кои се држат на окуп.”
Јас сум премногу независна. И не се гордеам со тоа – заклучила Хајнд.