Само 7 борци ја преживеаја битката на Мечкин Камен


Одредите на македонските борци (вкупно 5) кои зазеле позиција за одбрана на Крушево од југоисточната страна со главно упориште на Мечкин Камен, броеле вкупно околу 370 борци од кои само одредот на Питу Гули – околу 100, од кои само 6 од Крушево (Пити Гули, Коста Божинов, Ставре Андрески, Ѓорѓи Димов, Таќа Георгиев и Санду Андонов). Со тие 100 борци тој ја започнал битката и само неколку од нив, како тешко ранети преживеале! На дел од загинатите и ранетите Никола Киров Мајски им ги запишал и имињата (војводата, 46 загинати и 4 ранети). Тие 100 востаници воделе битка цели 10 часа (од 10 часот наутро до 20 часот вечерта на 13 август 1903 година) против целокупниот турски аскер и башибозук!

СЛОБОДНО КРУШЕВО

2Секој војвода имал своја оперативна задача: Иван Наумов Алабакот требало да ја нападне касарната, Андреа Христов – жадармеријата, Ѓурчин ги зазел позициите на патот кон Калето, Питу Гули, војвода на Крушевската реонска чета, составена од 80 души, бил распореден на Црн Врв, а одделни момчиња од таа чета имале задача по првиот налет на востаниците да ловат по сокаците во градот жандари, чиновници и други службени лица кои ќе се обидуваат да побегнат. Војводата Ташко Карев бил задолжен да ја држи височинката околу Длабока Река. Сето тоа било координирано од потпоручникот Тодор Христов и раководство составено од Тома Никлев, Никола Карев, Антиноген Хаџов, Григор Божинов и Тодор Павлов.

Други шесмина го сочинувале Штабот кој раководел со дејствата од месноста Гумење. Вкупниот број на востаници биле околу 800 души од кои 50-на од градот.

Датумот за прогласување на востанието му бил познат само на Главниот востанички штаб!

ilinden1903znameto_01

Како што било договорено, најпрвин требало да се нападне Уќуматот, зградата на управата, олицетворение на власта против која се крева востанието. За таа цел, уште претпладнето, Никола Ивановски и брат му Лецо се сокриле во блиската црква за да ја отворат вечерта по нападот за да можат внатре да влезат четниците што ќе го извршат нападот. Дошло полноќ. Тишина. Нигде ламба не свети; црна темнина по улиците и куќите. Не дека сите спијат, туку притаени очекуваат нешто големо и страшно, мило и опасно да се сличи, пишува Баждаров.

3Една, две, пет пушки пукнуваат и ја раскинуваат покривката на ноќта. Камбаните почнуваат да бијат. Првиот дел од трагедијата започнува со христијанскиот знак за објавување на празник. Стрелбата кон касарната зачестува од сите страни.. Градот е веќе буден. Жените и децата се кријат по визбите за да не ги погоди некој заталкан куршум. Сите ја чекаат слободата за да излезат и да се радуваат.

Но, денот е далеку, борбата е жестока. Четворица стражари пред уќуматот загинуваат, а четворица успеваат да избегаат. Мударот бил таму. Слугата и неколку колџии скокнале во бунарот за да се скријат, но се удавиле. Полицискиот агент, чиновникот за шумите и телеграфско-поштенските службеници со послугата, сè на сè – осум души, биле заробени и убиени. Семејствата им биле спасени, живи и здрави.

По дадениот сигнал од црквата, Иван Алабакот отвора оган кон касарната во која престојувале во тој момент околу 40-50 души. Останатите војници од месниот гарнизон, (околу 150 души) се наоѓале по селата, да гонат комити и да им помагаат на даночниците во собирање на арачот. Тие не можеле да знаат дека комитите решиле да дојдат кај нив за да не се мачат тие да одат по нив. Во престрелката имало убиени од двете страни.

4Особено храброст покажал трубачот на аскерот, кој, иако тешко ранет, не само што успеал да труби со трубата, туку продолжил и да пука и да се бори се додека не бил дотепан. Дел од аскерот избегал кон Алдинци, а други се затвориле во касарната и се бранеле. Бидејќи било бесмислено да се пука во камените ѕидови на зградата, Горскиот штаб решава да се запали касарната. Со градската пожарникарска кола биле напрскани со петрол и газија касарната и конакот, а потоа биле запалени. Но зградите, бидејќи од камен, не гореле.

По совет на Питу Гули биле фрлени стомни полни со петрол и газија, а по нив и запалени партали. Војниците што до последен момент пукале низ пушкарниците, изгореле заедно со зградата. Запалени биле и собите на колџиите. Сето тоа биле завршено до два часот попладне наредниот ден и тогаш Крушево е конечно слободно.

Шест дена мир и слобода

Од 6-ти до 12-ти август Крушевчани не биле вознеминувани со напади, а тоа значи Турците собирале војска за да се справат со дрската раја, рајата што кренала глава. Жителите на слободниот град иста така се подготвувале за одбрана, копале ровови, лееле куршуми и друго. Направено било и топче од дрво, бродирано од железарот Тодор Ставрев, кое, за жал, уште со првиот обид, станало прав и пепел.

5На 11 август празничното расположение на Крушевчани било нарушено од лошо претчувство. Јата гаврани слетувале по куќите и улиците. Целото прилепско поле поцрнело од низами. Бахтијар-паша со 15 илјадна војска тргнал да го заземе непокрниот град. Нападот почнал од сите страни. Артилеријата напредувала по патот Прилеп – Крушево. Одредот што се пробивал по кичевскиот пат бил поддржуван од брдска артилерија.

Судирот почнал на 12-ти август утрото. Пред тоа бил пратен гласник кој ги повикал востаниците да го положат оружјето и да се предадат. Востаниците со презир ја одбиле понудата. Артилеријата почнала да сее смрт сред позициите на четите. За секој случај бил гаѓан и градот. Една граната паднала врз црквата, друга врз куќата на Никола Ивановски.

meckin_kamen-500Сепак, најголемата битка се водела на Мечкин камен. Питу Гули паднал убиен заедно со речиси сите свои момчиња. Се спасиле само седумина. Ѓурчин водел битка на патот Прилеп-Крушево, Ташко Карев на Длабока река, а началникот Георги Стојанов на Слива. Но, бројната и техничка надмоќност на непријателот е огромна. Горскиот реонски штаб видел дека во никој случај не може да биде задржан градот и наредил повлекување.

krusevoНоќта помеѓу 15 и 16 август 1903 година по мртвото тело на Питу Гули на Мечкин Камен отишле сестрата на Питу – Боча Гули (1856-1937) и нејзината комшивка Нија од Гучена, а не Пандора! Двете средновечни жени, посмртните останки на војводата ги прибрале во вреќа и ги пренеле до најблиските гробишта во Крушево и ноќта ги положиле во пресна гробница на дента погребана невеста. Овој факт е потврден од исказите на Љуба Гули (1902 – 1944) и од исказот на Пандора Кираца (1887 – 1973), внука од сестра на Питу даден во документарен филм на ТВ Скопје снимен 1968 година

Турски дефтер за битката на Мечкин Камен

Според „Турски документи за оружените борби во Македонија“ (издание на Државниот архив на РМ, а во превод, редакција и коментар на д-р Драги Ѓоргиев), кои ги содржат податоците од два турски дефтери за борбите во Македонија во периодот 1903 – 1908 година, во битката во која загинал Питу Гули се убиени 56 четници (бројката 56 била напишана со молив и ставена во заграда), без ниту еден ранет или заробен. Во дефтерот стои и следното:

 „Загуби на царската војска:
Убиени: редовна војска – 6; жандарми -; заптии – 1;
Ранети: редовна и резервна војска – 8; жандарми -; заптии -;
Име на водачот на четата: Питу Гулев;
Објаснување: Водачот е убиен. Ги запалиле владината зграда, телеграфот и касарната. Ги убиле владините службеници…“

Никола Киров Мајски ги запишал името на војводата и на 46 загинати и 4 ранети востаници, оставајќи го списокот отворен. Според Кочо Топузоски, крушевчанец, адвокат од Скопје, кој повеќе години упорно ги истражува настаните од 1903 година „точниот број на загинати на Мечкин Камен не се знае“ („Питу Гули, живот и потоа“, Скопје 2003). Уште помалку каде лежат коските на поголем дел од нив.

Питу Гули оставил четири деца 
Ќерката Флора уште како дете починала, најверојатно во Битола. Најстариот син Ташку (Шула) загина на Султан Тене, во 1918 година, како доброволец во бугарската војска по влегувањето на Бугарија во Првата светска војна. Средниот син Никола (Лаќа) 1901 – 1923, во Ниш бил препознат од некој крушевчанец кој го предал на српските власти, а овие го ликвидирале со застрелување), а најмладиот син Стерју (1902 – 1944), во несреќен случај го изгубил животот во Крушево на 6 октомври 1944 год.
Како резултат на проклетството на илинденскиот пораз, само Стерју Гули оставил потомство. Тоа се неговите две ќерки: Евгенија (1963) и Елена (1940),  Евгенија живее во Подгорица (СЦГ) и има три деца: Милена (1959), Зоран (1961) и Дејан (1946), а Елена живее во Крушево и има две деца, Антигона (1963) и Димитар (1965).

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1