Само за да тргнете на одмор ви требаат 250 евра – еве за што


Покрај цената на аранжманот која ќе ја платите за да тргнете на летување потребни ви се уште минимум 250 евра.

Четворочлено семејство треба да издвои 250 евра за основните трошоци како бензин, патарини, костими за капење, опрема з ана плажа, лекови и кафенце во кафулињата на плажа.

Couple at Beach

Плажа – за костими за капење треба да се издвојат од 1500 денари па до 12.500 ако сакате да се луксузирате. А можете да поминете и поевтино. На распродажба се наоѓаат костими и за 600 денари. Доколку летувате во Црна Гора подгответе се – некои плажи изнајмуваат лежалки 2 за 100 евра.

Опрема за на плажа – креми, пешкири, душеци, топки, гуми и слично 5.500 денари за 4 лица.

За освежување на плажа во некој од кафулињата, во Црна Гора на пример ќе ви требаат најмалку 5 евра.

Во Грција околу 9 евра. Знаци само за сладолед и кафе треба да подготвите за 10 дена одмор од 50 до 90 евра.

На пат не се оди без патна аптека. Лекови против болка, алергии, мачнина, итн околу 2500 денари.

Ако патувате со сопствен автомобил во буџетот за одмор влегува и бензинот и патарините.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1