Самохрана мајка продавала храна на Фејсбук, ѝ се заканува една година затвор ФОТО


Мариза Реулас, самохрана мајка на шест деца од Стоктон, САД, би можела да заврши во затвор до една година затоа што по пат на Фејсбук повремено го продавала она што ќе го зготви.

Мариза на таа социјална мрежа главно со другите корисници разменувала рецепти, а кога се прочуло дека прави одличен шевиш, луѓето од неа почнале да го нарачуваат тоа морско јадење коешто е посебно популарно низ Јужна Америка.1334

За тој прекршок во меѓувреме дознала и полицијата која, за да се увери дека Мариза навистина го крши законот, на нејзината врата пратила инспектор во цивил.

Инспекторот по преземеното јадење го пријавил, токму како и другите десетина жени затоа што продавале храна без претходно да ги добијат потребните дозволи.

И додека останатите жени ги прифатиле тригодишните условни казни, Мариза одбила да се покори пред основниот обвинител, што со други зборови значи дека за нејзината судбина ќе одлучува судот.

– Не сме ние тие кои ги пишувале законите, ние сме тука да ги спроведуваме. Храната едноставно не смее да се продава без санитарната иснпекција да ја изврши неопходната проверка, бидејќи така може да дојде до загрозување на нечиј живот – појаснила Кели Мекданиел, обвинителка на округот Сан Жоаким.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1