Самохрана мајка запознала момче преку Интернет, а потоа била силувана


34- годишниот Дејвид Џенс ја завел својата жртва, 28-годишна осамена мајка. Двајцата се запознале на почетокот на оваа година на еден сајт за запознавање.

 

Тој „Играл“ на картата на нејзиното сожалување, измислувајќи дека води борба со ракот. Станале пар, а веќе 15 дена биле доволни за тој да го покаже вистинското лице, искажувајќи болна љубомора и посесивност, пренесува Денешен.

kidnaper1wide

Секогаш ја обвинувал дека се гледа со некој. Од неа дури и барал да се слика со мобилен телефон и да му испрати слика, кога била некаде надвор, па поради тоа во третиот месец го напуштила.

Но, овој маж од Велика Британија продолжил да ја прогонува испраќајки и` пораки преку Фејсбук и мобилен телефон, а во седум дена и` телефонирал дури 167 пати.

И` се заканувал, а во четвртиот месец жената се согласила да се види уште еднаш со него и тогаш почнал ужасот.

Ја однел во бунгалови и на преплашената жена и` рекол дека никогаш веќе нема да го види своето дете.

Тука повеќе пати ја силувал и жртвата едвај успеала да побегне со помош на работник на камперската населба. Полицајците го фатиле Џенс. Тој е осуден на 8 години затвор, а пред судот рекол дека жената сама се согласила да оди со него на „романтично патување“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1