Самоопределување победи во 12 општини во Косово


Движењето Самоопределување победи во најголемиот број на општини низ Косово. Вкупно 12 општини му ја дадоа довербата на Албин Курти.

Втора е Српска листа со 10 општини и трета Демократскиот сојуз на Косово, јавува Експрес.

Инаку, досегашните податоци на ЦИК покажуваат дека се преброени 95,88% од гласовите или 2.442 гласачки места од вкупно 2.547.

Според последниот резултат Самоопределување е прва со 25,79 oтсто или 197.966 гласа, по неа е Демократскиот сојуз на Косово со 25,05 отсто или 192.300 гласа. Демократската партија на Косово има 21,15 отсто или 162.342 гласа. На четврто место е Коалицијата Алијанса за иднина на Косово-Социјал-демократска партија со 11,63 отсто или 89.287 гласа.

По објавувањето на резултатите, ВВ синоќа на полноќ организира прослава во центарот на Приштина, на која присуствуваа повеќе илјади нејзини членови и приврзаници. Партискиот лидер Курти, во своето обраќање од плоштадот „Скендербег“ порача дека новата влада, која ќе ја води тој, ќе стави крај на државниот криминал, корупцијата и непотизмот и ќе соработува со САД, Германија и другите партнери од Западна Европа, а ја повика ЛДК и Вјоса Османи заедно да ја водат земјата.

Османи во изјава за медиумите изрази задоволство поради тоа што, како што рече, „опозицијата ја испрати власта во опозиција“. За соработката со ВВ најави дека ќе се разговара откако ќе бидат официјализирани резултатите на гласањето, вклучително и броењето на гласовите на дијаспората кои се испратени по пошта и кои треба да се избројат во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре.

Лидерите на ПДК и на коалицијата ААК – ПСД, Весели и Харадинај, во обраќања преку медиумите го признаа изборниот пораз и изјавија дека ќе дејствуваат како опозиција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1