Самсунг Галакси Ноут8 представен во Македонија!


Најновиот уред од Ноут серијата на корисниците им нуди поголемо корисничко уживање – поголем “бесконечен“ екран, подобрено “S Pen” пенкало како и двојна камера со оптичка стабилизација на слика

По светската премиера, Самсунг Галакси Ноут8 (Samsung Galaxy Note8) беше представен и во Македонија. На настанот преку низа активности како скицирање, цртање, дизајнирање и фотографирање демонстрирани од Душко Зафировски, Томо Спасовски и Иван Алушевски, беа прикажани квалитетите кои ги поседува овој нов уред – поголем “бесконечен” екран (Infinity Display), подобрено “S Pen” пенкало за лична комуникација и најдобра камера која Самсунг до сега ја направил на паметните уреди за фотографирање на квалитетни фотографии.

Самсунг Галакси Ноут8 на македонскиот пазар ќе биде достапен од 15. Септември, 2017 година, во две бои – Полноќно Црна (Midnight Black) и боја на Златен Јавор (Maple Gold), по препорачана малопродажна цена од 59.888 денари.

„Нашиот Ноут бренд има верни корисници, а дури 86% од нив споделуваат дека се заљубени во своите уреди. Корисниците се наша константна инспирација и континуирано тежнееме да им овозможуваме подобрени уреди. Земајќи го ова в предвид, го дизајниравме Галакси Ноут8, кој им овозможува на луѓето да направат работи за кои никогаш не помислувале дека ќе можат, и сето тоа благодарение на поголемиот екран, напредното ‘S Pen’ пенкало и моќната двојна камера. Токму овој спој на единствени функции и можности на Ноут8 се причината за лојалноста на нашите корисници.“ – изјави Милан Вујовиќ, Маркетинг Директор во Компанијата Самсунг за Адриатик Регионот.

“Бесконечен“ Екран
Иако Галакси Ноут 8 има до сега најголем екран од сите Ноут уреди, неговото тесно куќиште овозможува удобно држење на уредот во една рака. Дијагоналата од 6,3 инчи на “бесконечниот” екран Quad HD+ Super AMOLED им овозможува на корисниците да видат повеќе, а да прелистуваат помалку. Исто така, овој уред на корисниците им овозможува повеќе простор за гледање, читање, цртање, што го прави најдобар мултитаскинг “паметен” уред. Покрај “Multi Window“ опцијата за отварање неколку прозори истовремено, Ноут 8 воведува и нова функција “Pair” за креирање персонализирани парови на апликации на “Edge“ панелот со истовремено стартување на две апликации.

“S Pen” пенкало
“S Pen“ пенкалото кај Ноут8 уредот има потенок врв и подобра чувствителност на притисок овозможувајќи нови начини на пишување, цртање, интеракција со телефонот како и комуникација со пријателите. Со овој модел сега е овозможено и споделување на анимираниот текст или цртеж преку различни платформи кои подржуваат анимирани GIF-ови (AGIF format). Оваа опција претставува целосно нов начин на комуникација која со помош на “S Pen” пенкалото кое креира живи, чувствителни врски и ја оживуваат пораката на корисникот. Со опцијата “S Pen Translate“ корисниците можат во текот на патувањата уште побрзо да преведуваат текстови, цели реченици на дури 71 јазик, како и веднаш да конвертираат единици во странски валути.


Двојна камера со оптичка стабилизација на сликата
Галакси Ноут 8 моделот е опремен со две задни камери од по 12 MP со оптичка стабилизација на слика со широко аголен и теле-фото објектив. Широко аголниот објектив има “Dual Pixel” сензор за брзо автоматско фокусирање, така што на корисниците им овозможува фотографирање на појасни и поостри фотографии дури и во услови на слабо осветлување. Со одбирање на “Dual Capture” опцијата двете задни камери можат истовремено да фотографираат, додека новата опција “Live Focus” служи за контрола на длабочината на полето со можност за прилагодување за подобар ефект во приготвувањето на работната програма, но и по фотографирањето на фотографијата. Исто така, Галакси Ноут8 е опремен и со предна камера од 8 MP со авто-фокус за остри фотографии и видео разговори.

Самсунг Галакси Ноут8 и “S Pen“ пенкалото се отпорни на вода и прашина (IP68 стандард), а пишувањето на екранот е возможно и кога тој е мокар. Уредот поддржува брзо безжично полнење, а исто така нуди и широк спектар на опции за биометриска автентикација – вклучувајќи и снимање на ирисот на окото и отпечаток од прстот преку Самсунг Нокс (Samsung Knox). Со 6 GB RAM меморијата, процесорот од 10 nm и меморијата која може да се прошири до 256 GB, Ноут 8 е одличен за брзо пребарување, вклучување на содржини на интернет, играње на игри и извршување на повеќе задачи одеднаш.

Галакси Ноут 8 овозможува користење на “Samsung DeX“ опцијата кога на корисниците им е потребно лесно да ја префрлат работата од својот телефон на десктоп комјутер. Исто така, овој уред ја поседува и гласовната команда Бигзби (Bixby) за лична интеракција на корисните со својот телефон. Самсунг останува посветен на безбедноста на корисниците, така што батеријата на Галакси Ноут 8 уредот го помина најригорозниот тест во оваа индустрија за проверка на безбедноста на батеријата која се состои од осум чекори.

Самсунг за прв пат ја претстави Ноут серијата во 2011 година. Според истражување на Самсунг 85 проценти од корисниците на Ноут уредите велат дека се горди сопственици на својот Ноут фаблет и дека го препорачуваат на своите пријатели, додека 75% од нив велат дека е најдобар уред од сите што до сега ги имале.

За повеќе информации поврзани со уредот Галакси Ноут 8, ве молиме посетете ја веб страната: www.samsung.com/rs.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1