Часовникот Gear Sport, фитнес гривната Gear Fit2 Pro и новата верзија на безжичните слушалки Gear IconX новиетите што ги престави Самсунг во Берлин.. Гиар Спорт е елегантен и стилски “паметен’ рачен часовник со премиум карактеристики, додека Гиар Фит2 Про е целосно нова ергономска фитнес алка која континуирано го прикажува мониторирањето на срцевото отчукување и GPS следењето. Податоците од апликацијата се исто така компитабилни со апликацијата Samsung Health, сеопфатната платформа на Самсунг за следење на фитнес активностите, се со цел да овозможат поголема слика за здравјето и добросостојбата на корисниците.
Gear Sport е водоотпорен до длабочина од 50 метри
Samsung Gear Fit2 Pro во партнерство со Speedo
Апликацијата за следење на пливањето, Спидо Он, ќе биде дел од најновите Самсунг Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про. Двата уреди се сертифициранисо5 ATM сертификат за водоотпорност на длабочина до 50 метри. Со инстантен пристап до апликацијата, Гиар Спорт и Гиар Фит2 Про се идеални придружници во пливањето.
Спидо он – апликацијата за следење на клучните пливачки метрики, вклучувајќи и број на кругови, времетраење на кругови и отчукувања на срцето овозможува едноставно следење и инкорпорирање на пливачките постигнувања со личните фитнес цели. Во пар со два нови уреди, корисниците имаат можност да одберат онаква опција каква што повеќе им одговара и ја надополнува нивната активност додека се во вода.
Продажбата во САД започнува на 15 септември за 200 долари.
Bluetooth слушалките Gear IconX со значително подобрена батерија, тие можат да работат 5 часа додека се врши стриминг на музика од телефонот или 7 часа репродукција складирана во нивната меморија. Времето за Bluetooth хендсфри е 4 часа. Уредот вклучува личен асистент и автоматски може да го регистрира типот на физичка активност на корисникот.