САРКОЗИ НА РАСПИТ КАЈ ИСТРАЖЕН СУДИЈА


Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, одведен е на распит во рамки на истрагата за скандалот околу финансирањето на неговата неуспешна кампања во 2012 година за повторен избор за претседател, потврдуваат сведоци.

Саркози, кој е лидер на опозицијата од десниот центар и е потенцијален кандидат за претседателските избори во 2017 година, одведен е кај обвинител за аферата Бигмалион.255x160_20226-sarkozi

Тој одново одрекол дека знае што и да е за лажните фактури за 18 милиони евра користени во кампањата за организација на настани, а споменатата сума значи дека неговата кампања чинела двојно повеќе од дозволениот лимит.

Четворица поранешни официјални лица од кампањата во 2012 година се предмет на истрага, што е вовед во можно судење, поради наводно кршење на прописите што го регулираат финансирањето на политичките активности. Меѓу нив се менаџер на кампањата и благајник.

Во книгата објавена минатиот месец, Саркози пришува дека „нема сомнеж, тешко е да се поверува, но се колнам дека е потполна вистина: Ништо не знаев додека не излезе скандалот“.

Судиите имаат опција и да го прогласат Саркози за сведок во случајот, како што тоа го сторија минатата недела со партискиот челник Жан-Франсоа Копе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1