Саша Ќириќ два часа во раце го држел безживотното тело на Милошевски


За да се извади телото на Милошевски од пежото, биле потребни околу два часа вели за Канал 5 директорот на ФК Вардар, Ѓоко Хаџиевски кој денеска дојде на местото на несреќата лично да дознае како се случила. Од него, за Милошевски само пофални зборови.

gjoko-Петар го знам од неговата 10-та година, го чувствувам како мој син кој на 16 годишна возраст заигра за првиот тим на Пелистер во втора лига, голем хуманитарец и професионалец. За сите тие два часа Ќириќ го држел во раце, го држел за глава меѓутоа кога дошле докторите констатирале дека нема пулс, најверојатно од судска медицина ќе кажат која е причината. Во секој случај преголема загуба од многу аспекти, како човек, како татко, како сопруг, како другар, како спортиста, историја за македонскиот фудбал, изјави Ѓоко Хаџиевски, спортски директор на ФК Вардар

Полициската истрага допрва ќе ги утврдува причините за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1