Сашка има 40 години, мајка, сопруга, борец, храбра, но многу болна – АПЕЛ ЗА ПОМОШ


Таа е човек со големо срце, таа е полна со љубов, таа е огромен борец, човек со неверојатно позитивна енергија, храбра, силна но многу болна, НО и покрај огромниот товар и болка што ги носи во нејзината душа, Секогаш е насмеана.
Таа е Александра Робев. Нашата Сашка. Девојката од нашиот Чаир Таа има 40 години, таа е мајка, сопруга, сестра…Центар на нејзиниот свет се нејзините две деца, плавоокиот Иван кој има 2,5 години и прекрасната Кала која има 10 години и нејзиниот сопруг Константин Робев.

Бројот на кој можат да донираат корисниците . Да и помогнеме на Сашка!

Телеком – 143144

ONE –  075 143 200

VIP – 077 143 111

12241732_10208522599366340_8606384782525494520_nСашка е ликовен уметник кој долги години работи како графички дизајнер. Пред точно една година е констатирана нејзината болест- Adenocarcinoma pancreatic или малигна неоплазма на панкреасот. Извршена и е операција на клиниката за абдомен каде што е изваден дел од карциномот и направен е бајпас на жолчката. По опоравувањето од операцијата ја подложија на хемотерапија на Онкологија каде што и заврши пред извесен период. Во период на летото таа се чуствуваше многу подобро но пред повеќе од еден месец нејзината состојба нагло се наруши.

Таа веќе не е во состојба да прима храна па затоа целата храна која и е потребна за нејзиното тело ја прима венски преку специјална инфузија. На клиниката за онкологија и е кажано дека неможат веќе да сторат ништо за неа и да бара чаре на друго место. Во текот на изминатава година се бараа болници во Европа каде што ќе можат да ја примат и да ја лекуваат, и после извесен период добивме позитивно писмо од клиника од Берлин дека имаат можност да ја подобрат нејзината здраствена состојба со посебен третман кој го имаат на клиниката за пациентите заболени од канцер.

Последната информација која што ја добивме е дека најрано што можат да ја примат е на 11 јануари 2016 година, а сумата која што треба да се плати се очекува денес да ја кажат докторите од Берлин за што дополнително ќе бидете известени.

Да и помогнеме заеднички да го продолжи својот живот, да може да им се радува на своите две деца, да се радува на секој сончев ден и да продолжи да ја има насмевката на нејзиното лице.

Бројот на кој можат да донираат корисниците . Да и помогнеме на Сашка!

Телеком – 143144

ONE –  075 143 200

VIP – 077 143 111

Исто така може да се донира и на следниве жиро сметки:
Здружение за организирање на хуманитарни настани Родители и деца- РИД Скопје
Жиро сметка – 290100000188323ТТК Банка

Девизна сметка
RODITELI I DECA.-RID SKOPJE
IBAN: MK07290722000004409
SWIFT:TTXBMK2X
ACC. 00-722-0000044.8
TTK Bank A.D

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1