Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека се сомнева оти една жена од Саудиска Арабија, која е зарзена од респираторниот вирус МЕРС, била инфицирана во моментот кога од Доха летала кон Виена.
Дваесет и деветгодишната жена се наоѓа во болница во Виена, наведува СЗО.
Две лица кои биле во непосреден контакт со неа развиле симптоми кои се слични на оваа болест и се хоспитализирани.
Како што се наведува во соопоштението, се собираат и податоци за патниците и членовите на екипажот кои се наоѓале во истиот авион со жената на летот на 22 септември.
Симптомите на САРС и МЕРС се слични, со појава на температура и кашлање, кои можат да доведат до воспаление на белите дробови.