Првосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, во притвор „се држи“ подобро и од тоа што очекувавме, вели за „360 степени“ адвокатот Димитар Савовски, кој е дел од одбраната на Боки 13. Од досегашните контакти, адвокатот вели дека Боки 13 нема сериозни забелешки за условите во притворот.
Боки 13 е информиран за сите вести поврзани со него и случајот „Рекет“ кои се во фокусот на медиумите. Според неговиот адвокат, апсолутна невистина се написите во српските медиуми дека Боки 13 испратил порака дека “ако нешто му се случи во затвор, доказите против Зоран Заев се кај неговата мајка”.