СДСМ чека објава во Службен весник за избор на собраниски спикер, па ќе бара средба кај Иванов


СДСМ ќе чека Службен весник да ја објави одлуката за избор на Претседател на Собранието па потоа ќе бара средба со Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов за доделување на мандатот, вели генералниот Секретар на партијата Оливер Спасовски. Додава дека моментално не се водат никакви преговори со коалиционите партнери.sdsm640nasa

„Ние очекуваме одлуката да излезе во Службен весник на Р. Македонија и потоа, и СДСМ и Претседателот Зоран Заев се подготвени да седнат да разговараат во однос на доделувањето на мандатот со Претседателот Иванов“, вели Оливер Спасовски, ген. секретар на СДСМ.

Од Службен весник на Република Македонија не прецизираат кога ќе излезе новото издание на гласилото. На официјалната интернет страница пишуваат дека согласно позитивните законски прописи, Одлуката за избор ќе се објави во првиот нареден број во почетокот на оваа недела.

Инаку Оливер Спасовски вели дека предлогот за министри кој се споменува во јавноста е шпекулација.. Објаснува дека единствено е познато само името на мандатарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1