СДСМ ги стартуваше преговорите со албанските политички партии за формирање на новата Влада. Мандатарот Заев, вчера по средбата со Иванов се упати во Мавровка, на средба со лидерот на БЕСА.
Првиот човек на БЕСА вчера во интервју за ТВ21 уште еднаш потенцираше дека неговата партија останува на заложбите за редефинирање на Македонија и дека не планира да биде дел од Влада во која ќе има лица кои се дел од истрагите а СЈО.
Од Мала Речица велат дека официјално преговорите со СДСМ ќе ги стартуваат утре. Лидерот Ахмети денеска во кратка изјава рече дека е оптимист дека новата Влада ќе се формира многу брзо.
Кој ќе биде дел од кабинетот за Заев, официјално се уште не се открива.
Заев има рок од 20 дена да ја формира Владата. Согласно Уставот, последниот рок во кој Предлогот за новата Влада треба да се најде пред пратениците истекува на 6 јуни.