СДСМ: Главни виновници за кризата се Иванов, Груевски и Трајановски


Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.500petresdsm-634x320

– Македонија се наоѓа во најголемата криза само за Никола Груевски да не оди во затвор. Одговорноста за сите случувања во Македонија е на Никола Груевски, Ѓорге Иванов и Трајко Вељаноски. Денеска стана јасно зошто Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори. Бегаат од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата. Затоа Македонија е на нозе – рече Шилегов.

Тој нагласи дека во Македонија мора да има и ќе има фер и демократски избори.

– Демократска Македонија нема да дозволи Никола Груевски да ја држи во заложништво иднината на државата порача тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1