Коцијанчич: Пропаѓањето на Пржино ќе има сериозни последици за Македонија


Жалиме што лидерскaта средба планирана за утре во Виена нема да се одржи, изјави за МИА Маја Коцијанчич портпаролка на еврокомесрот за прширување.maja-kocijanchik

– Ние постојано повторуваме дека пропаѓањето на договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко жалиме за какви било ретроградни чекори во Скопје што ќе ја одведат земјата подалеку од нејзините аспирации за пристапување во Европската унија, вели во изјавата Коцијанчич.

Таа нагласува дека Европската комисија останува на располагање да им помогне на партиите сега и во иднина, но додава дека одговорноста за обезбедување на демократскиот процес и постигнување напредок на евроатлантскиот пат останува на самите политички партии, а во интерес на граѓаните на нивната земја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1