Вчера се одржала седница на Извршниот одбор на СДСМ. Според соопштението од партијата, била потврдена одлуката пратениците да не се вратат во парламентот.
„Членовите на Извршниот одбор на СДСМ и пратеничката група разговараа за актуелната политичка состојба во Република Македонија.Беше констатирано дека владеачкото мнозинство е единствено виновно за правната и полтичката конфузија во која се наоѓа Собранието.Пратениците на Собранието пред 5 месеци ги депонираа оставките во Собранието.Претседателот на Собранието Трајко Велјановски може во секој момент да ги верификува и нема потреба од поврзување со било какви датуми за тоа да го стори“пишува во соопштението од СДСМ.
Последниот рок за враќање на пратениците е 10 номеври