СДСМ: Градоначалникот кој прегази човек стана директор на поштата во Куманово


Повод за денешната прес конференција на СДСМ е скандалозното именување на директор на пошта во Куманово.

sdsm640nasaСтанува збор за лицето Миодраг Јовановиќ, поранешен градоначалник на Старо Нагоричане, кој на македонската јавност ѝ стана познат во април минатата година.

Тогаш Јовановиќ со службен автомобил го прегази триесетгодишниот Срѓан Лазаревиќ и побегна од местото на настанот, при тоа неукажувајќи му помош на Лазаревиќ, кој неколку дена подоцна им подлегна на повредите.

Со ова не само што му дозволуваат на Јовановиќ да избега од својата одговорност, туку истиот со новата функција – директор на пошта во Куманово, го наградуваат за неговата послушност и лојалност кон партијата, велат од СДСМ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1