СДСМ не оди на избори на 24 април – ова е нивното образложение


Само еден час траеше седницата на Извршниот одбор на СДСМ на кој се донесе одлуката за тоа дека партијата нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 24 aприл.

СДСМ дополнително ќе ги соопшти деталите како ќе делува понатаму. zaev654

СДСМ и коалициските партнери се одлучни за спроведување фер и демократски избори.

Избирачкиот список мора да се прочисти.

Мора да се обезбеди професионално известување на медиумите.

Само такви избори се во интерес на граѓаните и на Македонија и само на такви избори ќе учествува опозицијата.

За СДСМ и коалициските партнери не се прифатливи избори на 24 април.

СДСМ и здружената опозиција нема да учествуваат на избори организирани на 24 април.

Во врска со учеството на министрите и замениците министри на опозицијата во Владата констатирано е дека таа одлука е донесена од централните органи и тела на партиите од здружената опозиција.

Централните органи и тела на партиите од здружената опозиција штом ќе донесат одлука за учеството во Владата, ќе и биде соопштена на јавноста.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1