СДСМ и опозицијата не дојдоа на свеченото врачување на уверенијата за пртеничките мандатите од страна на ДИК.
Опозицијата која освои 34 пратенички места соопшти дека нема да ги прифати мандатите и оти тоа ќе биде потврдено со заверени нотарски изјави на нивните кандидати за пратеници. Неприфаќање на мандатот најави и Руфи Османи, единствениот пратеник на НДП што доби мандат.
Во идниот состав на Парламентот ќе седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.
На примопредавањето на мандатите не присуствуваше лидерот на ДПА, Мендух Тачи.