СДСМ неделава ќе реши кога ќе ги објави бомбите за Монструм, за А1, за Скопје 2014…


Ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе решиме кога ќе продолжиме со објавување и на други содржини од „Вистината за Македонија“, најавува Заев, пишува Дојче Веле

zoran-zaev1-540x360

„Не е во прашање само ‘Смилковско езеро’. Има и други содржини што и ги ветивме на јавноста, а до денес не се објавени, како што е и случајот ‘А1 телевизија’, ‘Скопје 2014’ и многу други. Изминативе денови имаме многу активности – протест, лидерска средба во Скопје, средба во Стразбур… Објавувањето на ‘бомбите’ привремено беше запрено затоа што сакавме да му дадеме примат на протестот. Но, ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од ‘Вистината за Македонија’. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави Заев.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1