СДСМ бара Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи да постапат по службена должност да преземе мерки организаторите на сценариото нарачеателите насилниците и криминалците учесници во нападот на пратениците во Собранието да понесат одговорност.
СДСМ во соопштението напиша:
„Парламентарното мнозинство ја реализираше својата обврска кон граѓаните, достоинствено, мудро и внимателно, како што им доликува на новите политичари што народот ги избра да ја водат државата.
Новиот претседател на Собранието е избран според Деловникот, законите и Уставот. Во периодот што престои, согласно Деловникот, Уставот и законите ќе биде избрана и новата реформска Влада на граѓаните.
Демократските процеси ќе продожат бидејки тоа е иднината на граѓаните за квалитетен живот и тоа е патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.
Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не на групата насилници и криминалци.
Парламентарното мнозинство за овој процес ја има поддршката од најмалку 700.000 граѓани кои избраа промени, но и на сите други граѓани и припадници, активисти на партии кои видоа колку е грдо лицето на Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и насилниците извршители и не сакаат да бидат нивни соучесници и нивен инструмент во иднина.
Нема повеќе место за политиките на тензии, поделби, омраза, дестабилизација со што сите тие со крвавото насилство во Парламентот направија тешко кривично дело, терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста на пратеници, новинари, вработени во Собранието и врз државната институција, Парламентот.
ЈО и МВР мора да постапат по службена должност за ова организирано сценарио и нарачателите, насилниците и криминалците, да понесат одговорност.
Македонија е на патот на демократијата и оди напред. Никој не смее и нема да ги попречи демократските процеси“.