СДСМ остана без 5 пратеници во Собранието


Стартуваа со новите деловнички правила.

Од денеска почна да се мери времето на говорење во комисиите. Во прво читање народните избраници ќе може да зборуваат максимум 20 минути, а координаторите 30 минути .При амандманската расправа времето за говорење се скратува дупло.

sobranie_RMПокрај ограничувањето, новитет во Парламентот за скоро време, најверојатно ќе биде и новата пратеничка група на Драгиша Милетиќ. Лидерот на Српската напредна странка за неделава најавува разговори со Фијат Цановски. Според најавите  на Милетиќ и Цаноски ќе им се придружи и лидерот на ЛП, Ивон Велиичковски.

Во меѓувреме владејачката партија ја повикува опозицијата да се појави на координација кај спикерот Вељаноски, да го договорат продолжението на расправата за бранителите.

По велигденските празници ретко мирна атмосфера во законодавниот дом. Значи ли ова затишје пред бура и најава за долго жешко лето во Собранието?

Прес 24

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1