СДСМ поднесе три кривични пријави против Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески


СДСМ денеска поднесе три кривични пријави против премиерот Никола Груевски, директорот на УБК Сашо Мијалков, министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и против Мартин Протуѓер и градоначлникотна Гази Баба Тони Трајковски.

Screenshot_47Крвичните пријави, како што изјави Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ, се поднесени за разни кривични дела, кои произлегуваат од содржините на досега објавените разговори од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

– Настаните што се опфатени во кривичната пријава се прекршување на правила и прописи при апсењето на Љубе Бошкоски, за незаконски рушење на објектот „Космос“ и за договарање за бркање од работа на политички неистомисленици по завршувањето на парламентарните избори од 2011 година – изјави Љупчо Николовски член на Извршниот одбор на СДСМ по предавањето на пријавите во јавното обвинителство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1