СДСМ: Пред 20 години Стевчо продаваше гаќи на пазар, а сега е милионер


stevce branko

Откако Стевчо Јакимовски му го заврте грбот на Бранко Црвенковски, тој секојдневно е мета на напади од страна на СДСМ. Довчерашните ,,пријатели,, сега не штедат зборови за да го навредат Јакимовски за кои истите ите довчера се фалеа со него и го нарекуваа најдобар градоначалник и одличен политичар.

-Стевчо Јакимовски почна со продавање гаќи на пазар пред дваесет години, а заврши како милионер со замок на Водно, па сега му се реваншира на чуварот од општина Карпош, Ненад Куч, кој после двегодишна работа е избркан од работа само поради тоа што неговиот татко, кој е претседател на месен одбор на СДСМ во Козле, остана доследен на сопствените политички убедувања да работи за својата партија, обвини во соопштение СДСМ.

Јакимовски во соопштение негира дека Куч е отпуштен од работа.

СДСМ вчера го обвини Јакимовски и дека поседува луксузна куќа во Жданец по што семејството сопственик се јави и бараше да не им се злоупотребуваат фотографии од нивната куќа. Јакимовски со следната реакција за ова обвинување.

“Вчера, семејството Качанаклиевски јасно и гласно кажаа чија е таа куќа во Жданец. Тоа што Андреј Петров и неговите следбеници не сакаат да разберат и да ги прифатат фактите, е само уште еден доказ за нивниот очај и безидејност.Конечно тоа е нивен проблем со кој сами ќе мора да си се соочат“, рече Јакимовски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1