Кинески билки ја олеснуваат менопаузата


Неодамна спроведеното истражување откри дека мешавина од кинески билки може да ги намали ефектите од менопаузата кај жените.

Фреквенцијата на ефектите од менопаузата се намалила за 62 отсто кај жените кои ја користеле оваа мешавина, во споредба со падот од 52 отсто кај жените на кои им е даден плацебо.

bilka kina– Станува збор за скромен ефект, но не е занемарлив, изјави Кетрин Њутон, истражувач од Институтот за истражување во Сиетл.

Таа истакна дека третманот не би им го препорачала на жените, барен не се уште, додека не се спроведат дополнителни долгорочни тестирања. Њутон, исто така, смета дека моменталната студија изгледа ветувачки кога се во прашање алтернативни начини за третман на менопаузата.

Лекарите моментално разгледуваат хормонски терапии, со цел да се решат сите проблеми кои може да ги создаде менопаузата.

– Претходните истражувања на мешавината наречена EXD, кој бил сочинет од корени, гранчиња и листови на шест билки кои можат да се најдат во Кина, исто така покажале ветувачки резултати, изјави Јао Тонг од Универзитетот во Хонг Конг и еден од авторите на новата студија.

Истражувачите, исто така, нагласиле дека традиционалната медицина во Кина ги гледа симптомите на менопаузата како резултат од недостаток на „јинг и јанг“ во бубрезите, а токму оваа билна мешавина ги зајакнува функциите на овој орган.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1