Градската администрација предводена од СДСМ става крај на нехуманиот однос кон уличните животни. Донесена е одлука за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни.
Стационарот „Вардариште“ станува минато.
Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници и нивна стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани.
Во меѓувреме, во тек е процесот на чипирање на животните , со цел ставање под контрола на механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици и започнува процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.
Во овој процес ќе бидат вклучени повеќе институции на локално и на национално ниво како и граѓанските иницијативи и здруженија, со цел унапредување на правата на животните и начинот на нивното вклучување во целиот концепт .
Со формирањето на новото јавно претпријатие, Град Скопје формира целосно нов концепт и пристап кон решавањто на проблемот со уличните животни, што претставува голем исчекор напред и обезбедува похуман третман и грижа на уличните животни.