СДСМ: Времето на злоупотреби заврши, нема веќе МВРО-ВМРО


Она што не беше замисливо во минатото, власта да биде одговорна, отчетна пред граѓаните, транспарента и да ги почитува прописите и законите, се случува денеска.

Со падот на режимот и демократските промени во земјава нема повеќе недопирливи, нема „наши“, „ваши“, „нивни“, нема бегање од одговорноста, за секого важат истите правила.

Доколку е направен одреден пропуст тој се санкционира, се презема соодветна одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно лаже. Како што соопшти МВР нема злоупотреба на службените возила за овој измислен случај.

Разликата меѓу одговорното однесување на Владата сега, и дивеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ е огромна. Криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да го разбере значењето на зборовите: одговорност, отчетност, транспарентност.

За време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ криминалот на фамилијата беше под заштита на институциите на системот, најмногу од МВР. Режимот на Никола Груевски спроведе незаконско прислушување на илјадници граѓани, а полицијата беше лева рака на злоупотребите и партизацијата. Министерството за внатрешни работи беше претворено во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите.

Тоа време на злоупотреби заврши одамна, нема веќе МВРО-ВМРО

Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1