Се активираше вулкан: Затворен аеродромот во Австралија (Видео)


Авионските летови од и до австралискиот аеродром Дарвин денеска се откажани поради активирање на вулкан на индонезискиот остров Сангеан.

Вулканот Сангеанг Апи, висок 2000 метри, кој се наоѓа на индонезискиот остров Сангеанг во петокот повторно се активираше и оттогаш со силни ерупции исфрла огромни количини пепел. Облакот достигнува три километри височина и го попречуаа авионскиот сообраќај до северна Австралија.

vulcan500Метеоролошката служба соопшти дека вулканска пепел се движи во правец југ-исток, загрозувајќи го северниот дел на Австралија.

Двете најголеми австралиски авиокомпании Квонтас и Вирџинија соопштија дека летовите од и до аеродромот Дарвин ќе бидат откажани додека не се обезбедат сигурни услови.

Помеѓу откажаните летови се и меѓународните летови и од Австралија кон Сингапур и обратно, Источен Тимор и Бали откако облакот од пепел од вулканот од кој избила ерупција во петокот вечер се проширила и кон средишниот дел на Австралија.

“Во овој момент исфрлањето пепел е малку успорено после првата голема ерупција, но никој не знае што ќее случи во наредните 24 часа или подоцна”, изјавил за Reuters австралискиот експерт Емил Џенсонс. Тој додал и дека последната ерупција на Sangeang Apia со ваква јачина била во 1999-та година.

Вулканот Сангеанг Апи е еден од најактивните вулкани на Индонезија. Тој се активираше во годините1911, 1953, 1964 до 1967, 1985 до 1987 и повторно 1997 до 1999. Последнтие жители на Сангеанг го напуштија островот по ерупцијата на средината на 1980-тите. Според индонезиските власти, поранешни жители на Сангеанг, кои сега живеат на Суматра, сѐ уште вршат земјоделски работи на островот и редовно се враќаат таму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1