Се бара масер за еротска масажа – плата 700 евра!


Словенечка компанија од Марибор огласила слободно работно место за вработен за еротска масажа и тоа преку локалната канцеларија за вработување. На сомнежите дека можеби станува збор за нелегална активност одговараат негативно, што го поткрепуваат со тврдењето дека тоа занимање го одобрил пазарниот инспекторат, пишуваат словенечките медиуми.

„Во согласност со мислењето на пазарниот инспекторат и министерството за економија, еротската масажа е класифицирана како стандардна професија, односно како телесна нега“, истакнуваат од мариборската берза на трудот.

masaza

Појаснуваат дека огласот не можеле да го одбијат, бидејќи е пријавен според прописите и во согласност со законот за еднаквоста на половите, па на него може да се пријават и машки и женски кандидати.

„Агенцијата за организирање танчарски и артистички настапи“, којашто го дала огласот, бара масер или масерка за изведување „еротски тантра масажи“, при што кандидатот или кандидатката треба да испратат биографија со основни податоци и со можност работодавачот подоцна да изврши разговор.

Платата, за словенечки прилики не е голема, 1.000 евра бруто, односно околу 700 евра нето, но се нуди работа на недоредено време, што во денешно време во Словенија го нудат ретки работодавачи. Се предвидува едномесечен пробен период, со напомена дека заинтересираните треба да бидат подвижни и да сметаат со флексибилно работно време.

Стандардното образование за професијата еротски масер-масерка во Словенија сé уште не постои, но врз основа на мислењето на инспекторатот, овој профил занимање влегол во квалификацијата на државниот статистички завод, кој, меѓу другото, ги следи податоците за вработеноста на работно активното население.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1