Полицијата во Њујорк во петокот објави видео снимка на жена осомничена за убиство, која на една станица на подземната железница турна човек под воз.
Безбедносната камера ја снимила синоќа жената која го извшрила убиството. Очевидци велат дека таа ја следела жртвата, потоа се качила на една клупа и го турнала човекот во моментите кога возот доаѓал.
Полицијата наведе дека човекот, по се изгледа, не се посомневал во ништо. Засега не е познато дали некој од останатите патници се обидел да му помогне.
Жртвата се уште не е идентификувана поради лошата состојба на телото.
Осомничената жена е со крупна градба, по потекло Латиноамериканска на возраст од околу дваесетина години. Се уште не е утврдено дали ја познавала жртвата.
Ова е второ вакво убиство во Њујорк во текот на месецот, откако на 3 декември на станицата на Тајмс сквер под воз беше турнат Ки-Сук-Хан (58)
Макфакс