Сè Бобан до Бобан, а Срби ни за лек- се работи за кражба на идентитет?


Со детална проверка на Анис Амри, било откриено дека е поврзан со Србин од Германија по име Бобан Симеоновиќ, кој во ноември бил уапсен поради регрутирање за ИСИС.boban-t

Експертот за борба против тероризам, Џевад Галијашевиќ, истакнал дека името Бобан, кое се споменува во врска со последниот терористички напад во Берлин, на фалсификувани пасоши го користеле познати терористи од Рашката област – Абид Подбичанин, Изудин Црновршанин, Сејад Плојовиќ, Мирза Ганиќ, Елдар Кундаковиќ и многу други.

Познатиот терорист од “ИСИС” од Косово, Лавдрим Мухаџери, исто така имал пасош со име Бобан Депиќ и роден е во Србија, но тоа воопшто не го прави Србин, тврди Галијашевиќ.tero-1

-Исто како што ни Мевлид Јашаревиќ, кој пукал во Сараево во американската амбасада, роден во Рашката област, не е Србин, иако медиумите објавиле вест за терорист од Србија кој ја нападнал амбасадата со автоматско оружје…Сè Бобан до Бобан, а Срби ни за лек- рекол Галијашевиќ.

Потсетуваме, германската полиција за нападот со “камионот на смртта” во Берлин, кој однел 12 животи, го товари Тунижанецот Анис Амри, чија ДНК била пронајдена во возилото. Со детална проверка на осомничениот, било откриено дека е поврзан со Србин од Германија по име Бобан Симеоновиќ, кој во ноември бил уапсен поради регрутирање за ИСИС.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1