Ниту осмиот ден од исчезнувањето на 15-годишната Тијана Јуриќ никој не знае каде е девојчето и не постојат докази дека ноќта меѓу 25. и 26. јули ја поминала границата со Унгарија.
Нејзините родители биле на местото каде е идентификуван сигналот од нејзиниот мобилен телефон, два километри покрај границата, но дали таму била и Тијана, не се знае. Полицијата им кажала дека се пронајдени патика и нокт, па мислат дека самоволно заминала. На ноктот се пронајдени трагови од две лица и сега се анализираат.
-На околу 15 метри од местото каде е пронајдена патиката биле најмалку 20 луѓе. Ако ја киднапирале професионалци, сигурно не би го носеле вклучен нејзиниот телефон уште два часа, а сигналот е фатен кога се ажурирала апликацијата во телефонот. Телефонот пак не е пронајден, Морам да бидам силен и да најдам сили да ја дочекаме, раскажува таткото на Тијана.
Тијана ноќта кога исчезнала имала на себе бела маичка, светли фармерки и бели патики. Потрагата по неа се уште е активна.
Во куќата на нејзините родители, кај мајката Мирјана постојано доаѓаат роднини и пријатели. Доаѓаат и оние кои не ја познаваат, за да и дадат поддршка на неутешната мајка да издржи. Игор Јуриќ вели дека во петокот разговарал со инспекторите и дека не е сигурен дека полицијата дава се од себе да ја пронајде неговата ќерка.
-Го проучуваа нејзиниот профил и заклучија дека Тијана е таква каква што ние ја опишавме. Сфатија дека тоа не е дете што би побегнало од дома. Сопругата и јас таа можност веднаш ја исклучивме. Бев сам во Белгија кога ми се јави сопругата. Не насетувавме дека е грабната, дека се случило нешто страшно. Полицијата нема никаква трага. Доаѓаа кај нас луѓе од Белград, најдобри експерти и тие ништо не знаат. Се уште очеквуам дека некој ќе дојде и ќе ми каже нешто позитивно – вели таткото на Тијана.
Во ноќта кога девојчето исчезна, поради турнирот во мал фудбал, во населбата Рата имало повеќе луѓе од вообичаено. Сепак сите се познавале меѓусебе.
Родителите на Тијана разговаралае и со децата со кои нивната ќерка била на море од каде се вратила ден пред да исчезне. Тврдат дека на море не запознала никого.
До Мирјана и Игор Јуриќ стигнуваат разни информации за Тијана. Наводно ја видела на некој пазар ви Кумбаја, а зборувале и дека веќе е префрлена во Австралија, Македонија и Босна.
-Како да исчезна. Го анализиравме нејзиниот пат од кафеаната “Полет“ каде се одделила од друштвото, до моментот кога последен пат е видена на Рата. Тијана од другар зела дуксерка иако имала своја. Го облекла дуксот на другарот, а својот виолетов го врзала околу половината. Му рекла дека ќе му го врати дуксот. Тргнала со другарката и другарот 15 минути после полноќ, а дома мроала да се врати до 1. По некоја моја замисла, кога стигнале до кафеаната “Полет“ сфатила дека има време да го врати дуксерот. Стотина метри пред спортските терени ја сретнало едно момче. Тогаш завртела зад аголот и исчезнала. Од 5 до 7 минути не се знае што е со неа и тогаш исчезнува – вели Игор Јуриќ.
Момчето кое пред тоа било до другарката на Тијана му се јавило на другото момче од кое Тијана позајмила дуксер и го прашал дали ја дочекал. Рекол дека ја нема и тргнал во пресрет, но ја пронашол само нејзината бела патика.