Авторот на светските бестселери „Кодот на Да Винчи” и „Ангели и демони”, Ден Браун ја најавува својата нова книга „Инферно“ која се базира на истоимениот дел од трилогијата „Божествена комедија“ од Данте Алигиери.
Книгата, што ќе биде објавена на 14 мај веќе крена многу прашина и и се предвидува слава како на “Кодот на Да Винчи” и “Ангели и демони”.
Темата се чува како строга тајна, која ја знаат само Браун и неговиот издавач. Кога сè било подготвено да се преведе книгата на други светски јазици, биле ангажирани преведувачи кои морале да потпишат посебен договор за тајност, а книгата ја преведувале во изолирани места, каде нема жив човек.
Преведувачите пристигнале во Италија во февруари минатата година, откако поминале низ ригорозен избор и интервјуа со Браун. Во Милано ги чекале неверојатни услови за работа.
Преведувачите работеле во бункер каде имале строго определен распоред. Нивните мобилни телефони биле конфискувани и се контролирал нивниот пристап до Интернет за да содржината не протече пред да се објави книгата.
Од работното место во еден изолиран хотел, секој ден ги носел минибус придружен со обезбедување.
Контактите со семејствата биле прекинати и тие секој ден останувале на работа до доцна во вечерните часови. И покрај ваквиот режим, ниту еден од преведувачите не се откажал.