Одронот од околу 70 метри кубни што настана поради обилни врнежи од дожд во текот на изминатата ноќ на патот Кичево – Охрид се чисти, информира ЈП „Македонија пат“
Прекинот на овој патен правец беше поради голем одрон меѓу селата Извор и Подвис кај месноста викана Овчанско Речиште, а сообраќајот беше пренасочен со бајпас направен од дежурните екипи на „Македонија пат“.Со одронот беа зафатени двете сообраќајни ленти, а екипите на „Македонија пат“ се на терен и го расчистуваат патот за целосна нормализација на сообраќајот.
Сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид се одвива нормално
Поради обилни врнежи од дожд изминатата ноќ на 140-от километар Скопје – Охрид, меѓу Извор и Подвис имаше одрон од околу 70 метри кубни.
Засега, сообраќајот на сите останати магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаб снег има на Попова Шапка.
ФОТО:Сител