Рикер не мислел на Црвековски – му ја извртеле изјавата


g_crvenkovski-rikerФилип Рикер, првиот човек на Стејт департментот за Западен Балкан, за порталот Либертас изразил разочарување и неверица затоа што провладините медиуми ја извртеле неговата изјава и во делот каде што тој вели дека „САД се малку разочарани од некои политички лидери кои со своето однесување го пренасочуваат фокусот на вниманието во своите земји од важни работи, а за свои лични програми“, препознаа скриена порака до лидерот на македонската опозиција и на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Либертас контактираше со Филип Рикер, кој истакна дека е комплетно изненаден од погрешната интерпретација и од извртувањето на неговата изјава“, пишува порталот.
Либертас ја пренесува изјавата на Рикер:
– Не мислев на господинот Црвенковски. Не се сеќавам дека некој од МИА или кој било македонски новинар присуствуваше на брифингот во Брисел. Алудирав на балканските лидери кои не ги придвижуваат своите земји напред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1