Гостиварчаните кои ги застрела Трифуновски исценирале инцидент за да прикријат киднапирање?


Полицаецот Јаким Трифуновски во своето последно сведочење изјавил дека двајцата гостиварчани кои ги застрелал биле поврзани со киднапирање на сограѓанин во Чешка за кое само тој и уште еден полицаец знаеле, објавува Канал 5.

sudenje-trifunovski-Јас и неколкумина колеги се обидувавме да спасиме наш сограѓанин киднапиран во Чешка. Откупот за него требаше да го земе група од гостиварска Бањица. Бидејќи за случајот не беше запознат никој друг во МВР освен јас и уште еден колега, токму тоа е заднината од настаните на 28 февруари, изјавил Трифуновски на денешното продолжение на судскиот процес во кој одговара за убиство на две лица.

Според неговото сведочење, двајцата засттрелани биле само дел од исценираниот случај со кој всушност требало да се забошоти случајот со киднапирањето на сограѓанин. Трифуновски објаснил дека досега не го споменал ова, бидејќи очекувал некој друг да ги обелодени информациите за настаните кои му претходеле на инцидентот.

Канал 5

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1