Јавното обвинителството вчера соопшти дека се приведени три лица во стан во Скопје каде што биле најдени фолии и друга опрема за фалсификување на лични карти. Јавното обвинителство не соопштува други детали за овој случај и најавува повеќе детали за наредната недела за тоа дали овие лични карти биле користени за време на изборите.
Нема никакви информации од Министерството за внатрешни работи.
И лажни банкарски сметки и странски пасоши се изработувале во погонот во Скопје што полицијата го откри завчера, а истрагата на организиран криминал и јавното обвинителство го поврзаа со аферата „фалсификувани лични карти“. Извори од истрагата за Алфа посочуваат дека досега имало обработено десет отсто од запленетите документи и компјутери, меѓу материјалите имало изработен фалсификат на бугарски пасош со име на познат функионер, а имало и лажна банкарска сметка од банка во Швајцарија, која била на име на на друг функционер, како и фалсификат изработени транскации дека од сметката се подигнувани многу пари.
Постојат сомнежи дека вака фабрикуваните документи требало да бидат пласирани во јавноста како афери со кои би се оцрниле имињата на функционерите. Обвинителството вчера информираше дека во истиот погон се изработени и „личните карти“ за кои министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски нареди истрага во организиран криминал. Засега погонот за фабрикувани документи и афери се поврзува со три лица.
Првоосомничениот за фалсификатот од порано и е познат на полицијата посочува нашиот извор. Одговарал за кривично дело изнуда за што имал и правосилна затворска казна од 1 година. Тој од вчера е во затвор. Втор осомничен е неговиот брат, кој исто така бил приведен и по наредба на судија на претходна постапка одземен му е пасошот, како мерка на претпазливост. Уште едно лице од Скопје е осомничено и за него не биле побарани никакви мерки. Нашиот извор посочува дека осомничените главно користеле скајп комуникација, бројни разговори биле откриени во запленетите компјутери кои биле пронајдени во погонот за фалсификати.
Аферата за фалсификуваните лични карти ја отвори неделникот Фокус, а фалсификуваните лични карти му ги предадоа на министерот за внатрешни Спасовски. Додека траеше истрагата Спасовски ја информираше јавноста дека од 105 лични карти што биле пријавени како фалсификат, вештачењето покажало дека 90 од нив се лажни, со украден идентитет на жители во Куманово, Кичево, Гостивар и Штип. Во повеќе наврати министерот за внатрешни Спасовски, фалсификуваните лични карти ги поврзуваше со изборен фалсификат што според него го организирала власта.