СЕ ГАСИ ХААРП: Повеќе не и е потребен на Земјата!


Воениот инструмент што се обвинува за некои од најголемите природни катастрофи во светот, ХААРП ќе биде изгасен, пишува британскиот весник Индипендент.

billederhaarp-hole-in-sky2-300x2251Голем број теории на заговор тврдат дека САД го користат системот ХААРП за модифицирање на времето, онеспособување сателити и контрола на човечкиот ум. Досега инсталацијата била обвинувана за невообичаени временски прилики, природни катастрофи и болести, како и за индустриски несреќи како уривањето на спејс-шатлот Колумбија.

Владата на САД изјавила дека инсталацијата што ја истражува атмосферата повеќе не ѝ е потребна на земјата, пишува Индипендент, пренесува српски Курир.

Во сите теории се истакнува патентот што го поднел еден од клучните научници што работеле на овој проект пред својата смрт и во кој е наведено дека со помош на ХААРП може да се контролира и модификува времето. Теориите довеле дури и до расправа во Европскиот парламент.

haarp-300x221Заговорниците на овие теории тврдат дека неговата цел е исклучително мистериозна и научно неинформираните лица, додека властите на САД тврдат дека инсталацијата се користи за проучување на природните процеси во јоносферата – регион од горната атмосфера, во надеж дека ќе помогне за создавање на подобра технологија на радио-комуникации.

ХААРП ќе биде исклучен по завршувањето на последниот проект кон средината на јуни, а целиот процес ќе го спроведе уште еден миленик на теоретичарите на заговори – Агенцијата за напредни одбранбени проекти (ДАРПА).

За функционирање на овој систем годишно се трошат 5 милиони долари, а неговата изградба чинела 280 милиони долари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1