Се гради Македонско село на Водно – ќе има 12 куќи – по една од секој регион


Идниот месец ќе биде распишан јавен оглас за концесионер, а до јануари идната година завршен ќе биде комплексот Македонското село, кој се гради на Водно.

selo-564x272Проектот ќе чини речиси 5 милиони евра, а пари дава Владата. Според министерот за економија Ваљон Сарачини, ова е оправдано бидејќи со него ќе заживува туризмот во Македонија, објавува Фактор.

Селото ќе содржи 12 куќи кои ја претставуваат автентичноста на секој дел од земјава. Куќа-претставник ќе има од беровскиот, тетовскиот, струшкот, гостиварскиот, прилепскиот, битолскиот крај, а зазема површина од 12 илјади метри квадратни. Од парите најфолем дел одат за градежни зафати, потоа и за ентериер.

Самото село ќе има  два дела, селско- стопански двор и куќи за сместување туристи, но и музеј, амфитеатар, сувенирница, воденица и штали.

Фактор.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1