Исповед на малолетна проститутка: Ако сакаш многу пари, или ќе продаваш дрога, или телото


Италијанската полиција објавила исповед на една девојка која била вмешана во ланец на малолетна проституција…

prostitucija1“Сакавме премногу. Или ќе продаваш дрога или тело ако сакаш да заработиш толку пари”, им кажала на обвинителот и на психијатарот оваа неименувана девојка која била вмешана во ланец на малолетна проституција. Имено, италијанската полиција објавила исповед на девојка која почнала да го продава своето тело на 14 години

Истражувачите веруваат дека била дел од ланец на проституција и дека за секс и плаќале во богатата римска населба Париоли. Оваа приказна на италијанските насловни страни се појавила минатиот месец кога полицијата открила дека две девојки, кои оделе во исто средно училиште во Рим, започнале со проституција во мај, а биле намамени преку социјалната мрежа “Bakeca Incontri”, пренесува Анса.

Девојките наводно заработувале по 300 евра од клиент и со тие пари им купувале дрога на своите макроа. Јавноста се згрозила кога се дознало дека еден од макроата, била мајката на едно од двете девојчиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1