Се гради најголемата галија на Вардар (ФОТО)


Во моментов се гради третата и најголема галија на Вардар, која ќе има и хотелски соби, пренесува Вечер. На објектот, неделава активно работеше градежната механизација, а веќе се гледа конструкцијата на галијата. Таа ќе биде изградена по оригиналот на најпознатиот англиски воен брод на Кралската морнарица од пред два века, “Виктори”.galija

Бродот е поставен помеѓу двата нови моста, Мостот на цивилизациите и Мостот на уметноста, a ќе биде со едра долги 35 метри и главно ќе се изгради од дрво. Сопственикот на оваа галија за Вечер изјави дека дека поради сложеноста на изведбата на овој објект, тој нема да биде готов за посетителите ова лето.

Оваа галија ќе има 16 хотелски соби и два апартмани. Бродот е долг 30 тина метри, широк 16, а ќе има три ката. Со овој објект сопственикот ќе стопанисува 10 години, а на Град Скопје ќе му плаќа месечна кирија од 36 илјади денари.

Фото:Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1