Скандал: Македонец зел 150.000 евра од италијански свештеник за да не каже оти имале секс


Македонски државјанин е обвинет дека изнудил 150.000 евра од свештеник во италијанското село Валмарекија уценувајќи го шест години дека ќе каже оти имале секс, јавуваат тамошните медиуми. Свештеникот негира дека имал сексуални односи со нашинецот и дека му давал пари од милосрдие, а нашинецот тврди дека попот му плаќал за услугите што ги добивал.svestenik-ubio-decake-katolicki-monah-brat-andreas-morfijum-bolesna-deca-g-1341002499-179679

Во судот во Анкона минатата недела почна судскиот процес против нашинецот С.Ј. (36), кој дал своја одбрана, а свештеникот свој исказ пред судот ќе даде за два месеца, пренесува Дневник.

Според обвинението, С.Ј., кој живее во селото во близина на Анкона, првпат побарал пари во 2005 година кога со својот автомобил се паркирал пред парохијата и влегол кај свештеникот. Нашинецот му рекол дека роднина на сопругата, кој живее во Валмарекија, му рекол за великодушноста на попот и за спремноста да им помага на сиромашните. Потоа Македонецот побарал пари за храна за него и за семејството и за поправка на автомобилот. Свештеникот се смилувал и му дал 400 евра, но С.Ј. продолжил да доаѓа. Kога сфатил дека Македонецот нема намера да престане да бара пари, попот одбил да му помага. Тогаш С.Ј. му се заканил дека на сите ќе им каже дека е хомосексуалец и дека имаат сексуални односи. Уценувањата продолжиле уште шест години кога свештеникот решил да го пријави нашинецот.

Не е познато зошто требало да поминат три години случајот да дојде на суд.

На судењето сведочела и сопругата на С.Ј.. Таа ја потврдила неговата приказна.

– Се случуваше сопругот да не се враќа навечер дома, а утредента ми кажуваше дека преспивал во парохијата. Потоа ќе ми ги покажеше парите и ќе ми кажеше како ги заработил. На почетокот ми беше гнасно, но парите ни требаа, па го прифатив тоа што го правеше – изјавила пред судот сопругата на уценувачот.

Таа објаснила дека повеќе пати доаѓала со С.Ј. кај свештеникот, но останувала пред куќата, по што сопругот ~ ги покажувал парите што ги добил.

Според адвокатот на свештеникот, Диего дел Ана, жртвата за да се одбрани од клевета, му исплатил на С.Ј. околу 93.000 евра за кои постојат сметки, а остатокот му бил даден во готово. Свештеникот во почетокот му давал пари од сопствената заштеда, но кога се потрошила, позајмувал пари од својата сестра и од татка си, со кого живеел.

Двајцата ќе треба да се појават на судењето како сведоци на одбраната.

По првото рочиште адвокатот на нашинецот, Роберто Луцери, изјавил дека неговиот клиент е невин и дека тоа се гледа од нелогичното однесување на свештеникот.

– Да му се дадат само на еден човек толку големи износи во име на христијанската љубов е несфатливо ако се знае дека има многу луѓе на кои им е потребна таква љубов – рекол Луцери.

Диего дел Ана, пак, во повеќе наврати истакнал дека станува збор за добрата верба на својот клиент и желба да му помогне на Македонецот.

– Обвинетиот, пак, тврдел дека ќе ги врати парите кога ќе го продаде својот имот во Македонија – рекол Дел Ана.

Тој изјави дека сакаат да испратат јасна и гласна порака на сите дека уценувањата на свештениците ќе бидат пријавени во полицијата.

– За жал, ова не е единствен случај. Има слични приказни од неколку места во државава. Имама причина да се сомневаме дека Македонецот е дел од истата група странци што со изнуди и скандалозни откритија сакаат да заработат многу пари – рекол адвокатот на свештеникот.

Судот во меѓувреме нареди да бидат вештачени мобилните телефони и листинзите од СМС-пораките кои С.Ј. ги разменувал со свештеникот за да се види каков бил нивниот однос.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1