Новата верзија на „Титаник“ ќе заплови по Атлантскиот океан, цели 106 години по потопувањето на оригиналниот брод.
Новата верзија се вика „Титаник 2“ и настана по идејата на милијардер од Австралија Клив Палмер и неговата компанија „Blue star line“.
Иако ќе изгледа скоро идентично како крузерот од 1912 година ќе биде за четири метри поширок и многу побезбеден. Новиот брод, за разлика од оригиналот, ќе има доволно чамци за евакуација. Ќе биде долг 270 метри, висок 53 метри и тежок 40.000 тони.
Како и првиот Титаник и овој ќе има билети за прва, втора и трета класа, девет ката со 840 кабини и ќе прима 2.400 патници и 900 членови на посада.
-Новиот Титаник секако ќе има модерни процедури за евакуација и се она што може да се очекува во 21 век – велат од компанијата.
Првото патување ќе се случи 2018 година од кинеската покраина Ѓангсу до Дубаи, што се разликува од рутата на првиот брод која беше од Саутхемптон до Њујорк.
Да потсетиме оригиналниот Титаник потона на првата пловидба во 1912 година, по судир со леден брег во Северен Атлантик и страдаа 1.500 патници и членови на екипажот.